Предложени законски измени за отворање постапки за лица од „црната листа“ на САД

Од:

Координативното тело за анализа и зајакнување на легислативата во борбата против корупцијата и организираниот криминал денеска одржа состанок на кој се разгледуваше можноста за зајакнување на рестриктивните мерки во однос на листата на санкции на Соединетите Американски Држави.

Како што соопшти владината прес-служба, Предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки е на иницијатива на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, со цел да се овозможи санкциите изречени од САД, кои се однесуваат на корупцијата, организираниот криминал, тероризмот и хибридните закани, да можат да се применат и во земјава и опфатените субјекти да подлежат на санкции согласно домашното законодавство.

-Присутните се согласија околу потребата да се изготви ефективно решение со кое ќе се прошири опсегот на листата на санкции и ќе се дополни законот со процедура врз основа на која изречените санкции од САД ќе бидат процесирани во нашето законодавство, се наведува во соопштението.

Од Владата посочуваат дека поддршката на САД како докажан сојузник на Република Северна Македонија е од огромно значење, како и напорите на американската влада за промовирање на мирот, стабилноста и функционалното демократско владеење во регионот.

-Координативното тело заклучи дека по консолидацијата на забелешките и предлозите од членовите кои се дискутираа на денешната седница, предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки да се достави до Владата и да биде разгледан и усвоен на некоја од наредните седници, се посочува во соопштението.

На денешниот состанок, со кој претседаваше вицепремиерката Грковска, учествуваа вицепремиерот за европски прашања, министрите за надворешни работи, одбрана и финансии, директорите на Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа и Финансиската полиција, како и претставници на министерствата за внатрешни работи и правда.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад