Предавање по повод Меѓународниот ден на жртвите на холокаустот

Од:

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија организира предавање за одбележување на 27 Јануари – Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот.

Предавањето ќе го одржи м-р Теон Џингов, а ќе присуствуваат ученици од основните училишта „Димитар Миладинов“, „Ѓоргија Пулевски“, „Петар Поп Арсов“ и „Крсте Мисирков“.

Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот се одбележува на 27 јануари со одлука на Генералното собрание на Обединетите нации од 2005 година, зашто  на тој датум во 1945 година најголемиот  нацистички логор на смртта, Аушвиц – Биркенау, бил ослободен од војниците на Советскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Изложба по повод 75-годишнината од востанието во логорот „Собибор“

Ана Ололовска

Ден на победата над фашизмот

Ана Ололовска

Македонска делегација на комеморацијата по повод 72 години од ослободувањето на Матхаузен

Ана Ололовска

Македонија ги одбележува Денот на Европа и победата над фашизмот

Ана Ололовска

„За да се памти“ – концерт за Денот на победата над фашизмот

Ана Ололовска

Руската амбасада со низа свечености по повод Денот на победата над фашизмот

Ана Ололовска