Православните верници во Битола го одбележаа празникот Богојавление – Водици

Од:

Преспанско-пелагониската православна епрахија го одбележа празникот Богојавление – Водици кој според востановената традиција и оваа година се одржа во дворот на храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Водсвет на водата во црковниот базен изврши митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар и го спушти Светиот крст по кој во црковниот базен скокнаа дваесеттина момчиња од овој град.

Годинава највешт и најсреќен учесник на црковниот настан Водици во Битола беше Виктор Манговски, кој прв пат го фати Светиот крст.

– Се пријавив да учествувам на големиот христијански настан со единствена цел за момент да бидам во светите води и да добијам благослов. Не очекував дека ќе го фатам Светиот крст, но успеав и тоа прв пат ми се случува. Радосен сум и верувам дека годината ќе ми биде среќна, истакна 16-годишниот битолчанец Виктор Манговски.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје