Пратениците го изгласаа законот за високото образование

Од:

Пратениците во Собранието со 67 гласа „за“ и девет „против“ ги изгласаа измените во законот за високо образование, со кои се воведува државен испит.

Во расправата Лилјана Поповска од ДОМ кажа дека нема да ги поддржи измените во законите за високо образование затоа што ниту еден амандман не и бил прифатен, а таа сметала дека дека со амандманите барем малки ќе се подобрат законите.

– Ставот на ДОМ е дека науката е во врвот на нашите приоритети и лично не можам да избегам од себе, својата кожа и својот ум. Порасната сум меѓу книгите и машината за чукање. Од овие причини јас нема да го поддржам овој закон – вели Поповска.

Роза Топузова-Каревска побара уште еднаш пратениците да размислат и да го слушнат гласот на студентите и професорите.

– Сега законот е во наши раце и ние одлучуваме дали ќе се донесе ваков закон кој е спротивен на Уставот. Ние одлучуваме дали ќе застанеме пред слободата и автономијата на универзитетот. Да и јас сум за реформи во образованието, длабински реформи, но како можам да гласам за вакви реформи? Дали ние имаме право да гласаме за закон кој има само пет реда образложение за оцена на состојбите во областа која треба да се уреди. Јас немам легититмитет пред граѓаните да гласам за закон за кој велите дека е сериозна реформа, а има образложение само пет реда. Кога се носат закони кои засегаат помала таргет група имаме поголеми образложенија, а не кога има ваква серизона реформа – рече Топузова-Каревска.

Солза Грчева побара протеседателот Ѓорге Иванов да се изјасни, затоа што како што рече Грчева, дека најдржавничка работа во овој случај е да се стави вето на овој закон.

Сите пратенци на владејачкото мнозинство со контра реплики ги бранеа и ги поддржуваа измените на Законот за високо образование.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on