Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во ЕП ќе дебатираат за политичка култура

Од:

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, денеска и утре во Европскиот парламент во Брисел за првпат ќе ги соочат своите аргументи во рамки на семинарот на тема „Развој на политичка култура и зајакнување на политичкиот дијалог за одржлива демократија”.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Антонио Милошоски, потпретседател на македонското Собрание и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од една страна и Радмила Шеќеринска и Лидија Димова, претставени од организаторот како пратенички од СДСМ, но поканети како специјални гости на групата на европските социјалдемократи (СиД), заедно со пратеникот Љубомир Јосифовски од НСДП.

Од Македонија, покрај Милошоски, Шеќеринска и Димова, на овој семинар ќе присуствуваат и Талат Џафери (ДУИ), Љубица Буралиева (независна пратеничка) и Имер Алиу (ДПА). Заедно со македонската парламентарна делегација во Брисел е и генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, Жарко Денковски.

Тие ќе дебатираат за политичката култура на овој меѓупарламентарен семинар со пратеници од другите земји-кандидати за членство во ЕУ и со европратениците.

Оваа дебата лично ја организира Тјери Џејкоб од единицата на претпристапни активности во рамки на Дирекцијата за демократска поддршка на Генералниот директорат за надворешна политика на Европарламентот. Истата за првпат на маса ги става пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, откако социјалдемократите одлучија да го бојкотираат македонскито парламент по минатогодишните парламентарни избори.

Соочувањето на Милошоски со Шеќеринска и Димова, пак, доаѓа неколку дена пред официјалниот почеток на посредништво на тројцата европратеници (Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл) за смирување на политичката криза во Македонија, со средби кои најпрво меѓу претставници на двете најголеми македонски партии, европратеници планираат да започнат во Брисел.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска