Пожарот кај Будимирци стивнат, селото е безбедно

Од:

Во текот на ноќта пожарот во близина на селото Будимирци имаше променливо темпо и сега е малку стивнат, објави утрово на Фејсбук директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– Од позицијата од која набљудувам пред мене гледам две точки на кои пламенот е се уште активен и силен, но во позадина на неколку места забележувам силна и густа чад. Селото Будинарци е безбедно, додава Ангелов во објавата.

Тој најавуа дека утрово интервенираат два македонски и два српски хеликоптери, а во текот на денот и големиот противпожарен романски авион.

– Во борбата против пожарот ќе бидат вклучени и голем број пожарникари од овој регион, како и пожарникарите од Словенија, Австрија и Бугарија. Покрај нив учествуваат и екипи на Национални шуми, припадници на Армијата и Полицијата, ДЗС, ЦУК и голем број на доброволци од локалното население. Голема благодарност до сите нив за покажаната пожртвуваност и храброст, наведува Ангелов во објавата на Фејсбук.

Тој додава и дека извидувајки го теренот над селото Будинарци налетале на тесно грло од крак на пожарот.

– Иако непланирано, влеговме во огинот и пред се благодарение на тројца храбри локални жители (Мустачки Слободан, Гоце Мајсторски и Влатко Прмачки) успеавме да го сопреме огнот и да спасиме големо парче шума со бор. Во гаснењето покрај тројцата мештани учествуваше и мојот храбар соборец од 2001-та Бранко Ѕверот, како и мојот возач Дејан Митовски, информира Ангелов на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор

Пожарот во Преспа е под контрола, уште гори на Серта, активно е уште на шест локации

Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце

Ангелов: Бројот на пожари висок, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август

Пожари: уште гори кај Желино, Македонски брод, Василево и во прилепско

Катерина Ѓуровски

Изгаснат пожарот кај Бунарџик, активен е во Велешко, а четири се под контрола