Пожарите не стивнуваат, пет се активни, три под контрола

Од:

Вкупно 29 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на вчерашниот ден, од кои 21 се изгаснати, а три се ставени под контрола. Активни се пет пожари, во општините Македонски Брод, Демир Хисар, Гевгелија, во месноста викана Темна бука во Студеничани и Пробиштип, информира денеска Центарот за упрување со кризи (ЦУК).

Под контрола се ставени пожарите во Охрид: Косел – Расино – Опеница – Вапила, во Општина Богданци, кај месноста викана Погана кон ветерен парк Богданци и во Општина Пласница, кај село Латово.

ЦУК соопшти дека е изгаснат пожарот кај село Подареш, Општина Радовиш и во Општина Кочани кај селото Пресека. Два пожара се изгаснати на територија на Општина Босилово, кај селото Иловица и кај селото Моноспитово, во Општина Свети Николе, кај Патетино, во Општина Македонска Каменица, кај село Дулица.

Во скопскиот регион изгаснати пожари има во село Студеничани, општина Студеничани, во селата Раштак и Булачани во општина Гази Баба.

Изгаснат е пожарот во Општина Битола, кај „Кромберг и Шуберт“ и кај селото Лопатица, во Општина Прилеп, кај Селце и кај Метеоролошката станица. Три пожари се изгаснати на територија на Општина Липково, кај селата Слупчане, Отља и Матејче, во Општина Кичево, кај Комуналец – Кичево, во Општина Гостивар, кај автопат Гостивар – Тетово, во Општина Чешиново-Облешево, кај село Теранци и во Општина Куманово, кај селата Четирце и Љубодраг.

Би можело да ве интересира

Опасен пожар се шири кон границата со Грција, се слуша пукање на муниција

Катерина Ѓуровски

Во Македонија има двојно помалку пожарникари од законски пропишаното, нема ниту тренинг центар

Се спојуваат Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, движење во шума летово само со дозвола

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот