Пожарите не стивнуваат, критично на Готен, кон границата со Грција и кај Прилеп и Кавадарци

Од:

Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 12:30 часот денеска. Од нив девет се активни, а шест се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, краци кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума) – интервенција не се изведува поради детонации, Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (опш. Прилеп), и Галиште и Трстеник (опш. Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод: помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација), Општина Желино: помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), Општина Крива Паланка: с. Нерав (висока борова шума), Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума), Општина Илинден: помеѓу Мршевци и Бучинци (стрниште) и Општина Чашка: с. Ореше (ниска вегетација и букова шума).

Под контрола се пожарите во Општина Старо Нагоричане и Куманово: с. Облавце, с. Бељаковце, с. Довезенце, Орах и Руѓинце – пожарот се шири кон с. Димонце и с. Коњух (опш. Кратово), каде постои закана по куќи и помошни објекти (ниска вегетација), Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума и сува трева), Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева), Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума), Општина Кичево: с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума) и Општина Петровец: Катланово – с. Чифлик (ниска вегетација, грмушки и дабова шума).

Би можело да ве интересира

Активни пожари во Липково и во Студеничани

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола

Пожар на Скопска Црна Гора кај селото Раштак

Катерина Ѓуровски

Се бара интервенција од воздух во Липковo, сите летала дејствуваат на пожарот во беровско

Катерина Ѓуровски

Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола

Катерина Ѓуровски

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он