Пожар на депонијата Вардариште остави без струја 47.000 корисници во Скопје

Од:

Без снабдување со струја се 47.000 корисници во Скопје, откако по пожарот што се случи денеска напладне во депонијата Вардариште превентивно се исклучени од напон трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром” и „Скопје 4 – Исток”.

– Поради голем пожар во депонијата Вардариште, а по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и ги исклучија од напон трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром” и „Скопје 4 – Исток”. Во моментов 47.000 корисници се без снабдување со електрична енергија. Напонот ќе биде повторно воспоставен по известување од Противпожарната бригада дека теренот е безбеден и пожарот е изгаснат, изјавија од Електродистрибуција.

Во гаснењето на пожарот, со кој е зафатена сува трева и отпаден материјал, учествуваат 20 пожарникари со седум противпожарни возила.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче