Повторно пожар во Гоцева шума, постои сомнеж дека некој намерно ги пали боровите дрвца

Од:

Повторно има пожар во Гоцева шума кај Неготино. Постои сомнеж дека некој намерно ги пали боровите дрвца, изјави неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Оваа спомен шума гореше и вчера, а на терен гаснеа неготински и кавадаречки пожарникари, по што беше ставен под контрола.

Стојанов апелираше на совесност и внимателност во услови на високи температури, особено да се внимава при фрлање на отпушоци од цигари и при работа на земјоделски имоти.

Спомен шумата беше подигната во 1972 година, во чест на 100 години од раѓањето на Гоце Делчев.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава

Мицкоски: Идентификувани се дваесетина лица поврзани пожарите

Катерина Ѓуровски