Повредените во „Пулс“: Ако си замине докторката Паниќ-Мирчоска ќе останеме без професионално лекување

Од:

Повредените лица од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани со писмен допис до јавноста реагираат за кадровски промени во Општата болница со проширена дејност што ќе влијае врз натaмошниот нивен третман и лекување.

-Чувствуваме должност и потреба да се обратиме јавно поради сериозна и загрижувачка промена во нашата здравствена нега. Ја информираме јавноста дека од овој понеделник, 1 јуни, докторката Катерина Паниќ, позната како докторка Кате, која беше наш главен доктор и поддршка во целиот период на опоравување, повеќе нема да биде дел од ЈЗУ Општата болница – Кочани. Таа заминува во друга болница, иако никој нема да може да ја замени, и ние сè уште немаме информации кој ќе дојде на нејзино место и каков ќе биде понатамошниот пристап кон нашето лекување, се истакнува во дописот од повредените.

Лицата кои се лекуваат во болницата во Кочани посочуваат дека се во страв и неизвесност и дека чувствуваат општа напуштеност од страна на државата во поглед на нивната нега.

-Вистината е – не знаеме што нè чека утре. Никој не ни кажува кој ќе дојде после неа или како ќе изгледа нашата понатамошна грижа. Веќе се прашуваме дали пак ќе останеме сами? Повеќе не веруваме и сакаме да знаете дека не е исто. Не е исто кога некој само ја пополнува смената, и кога некој навистина се грижи. Ние тоа го чувствуваме секој ден, на секој преглед, во секој здив од болка. Докторката Кате не беше само лекар, таа беше наша надеж, сила и стабилност. Начинот на кој ни пристапуваше со човечност, посветеност и разбирање не може да се замени. Во неа стекнавме длабока доверба – доверба што не доаѓа лесно кога се поминува низ период на траума и неизвесност, додаваат повредените.

Од Општата болница во Кочани информираа дека уште на почетокот од оваа година, уште пред да се случи трагичниот пожар во „Пулс“, докторката Катерина Паниќ Мирчовска поднела лично барање до Општата болница во Кочани за прекин на работниот однос, поради ангажман во градската болница „8 Септември“ во Скопје.

Одлуката за прераспределување ја потпишал претходниот министер за здравство Арбен Таравари, но неговиот заменик Јовица Андовски ја запрел нејзината важност, со што докторката ќе остане во Кочани сѐ додека пациентите имаат потреба од нејзината здравствена нега.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски и повредените, а најмногу – правдата

Горан Наумовски

Сведок во процесот „Пулс“: Не барам сожалување, барам да ја признаете вината, нашите деца не починаа од природна смрт

Судење „Пулс“: Мајка на загинатиот 24-годишен Андреј вели „Кристијан до ден денеска има кошмари и ја преживува таа вечер“

Горан Наумовски

Во ќелијата на „Газда Деко“ е пронајден мобилен, судијката само го опомена сопственикот на дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

Судење „Пулс“: Сведокот Николов тврди – видов дим и се слушаа чудни звуци, тогаш сфатив дека е нешто сериозно

Судење „Пулс“: Обвинетиот Нацев тврди дека е таргет на разни неосновани и политизирани клевети и навреди