Повредени со изгореници ќе се носат и во Полска, Шведска, Холандија и Италија

Од:

Бројката на хоспитализирани лица кои изгореа во пожарот во дискотеката во Кочани надминува 160 – 170 заедно со 16-те примени во приватните болници. Во најкус рок, за 24 часа, сите се згрижени и кон сите е постапено соодветно, а над 70 пациенти се успешно транспортирани надвор од земјава. Со оглед дека се исполнети капацитетите во соседството, од денеска пациенти ќе се испраќаат и во Италија, Холандија и Белгија. Лекарски тимови од Чешка и Израел им помагаат на нашите лекари, додека тим од Британија денеска ќе пристигне во земјава за да помогне во подвтување на следната фаза на рехабилитација на повредените, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски по посетата на болницата ГОБ „8 Септември“ заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

Според Клековски, сите пациенти се живи и тоа, како што напомена, е голем успех, а критичните се испратени во специјализирани центри во странство.

-Ги уверувам членовите на семејствата дека сите пациенти, до последен, се мобилизирани и се прават максимални напори за нивно лекување. Нема ниту еден критичен пациент да не е згрижен во институција за изгореници, а Владата овозможи родителите да бидат со нивните деца, потенцира Клековски, додавајќи дека ова не е битка од 72 часа, туку ќе трае со недели и месеци.

Директорот на Фондот подвлече и дека податоци за пациентите нема да се соопштуваат лично.

-Медиумите да не очекуваат информации за тоа кој пациент во каква состојба е, странските болници инсистираат комуникацијата да биде преку Министерството за здравство, рече Клековски.

Директорот на ГОБ „8 Септември“ Синиша Стојаноски информира дека засега нема критични пациенти, сите се во стабилна состојба. Највеќе кај нив има изгореници од втор и трет степен, најмногу на главата и дланките. Други повреди се од видишување врел воздух и издувни гасови, како и трауматски набиеници и скршеници.

–Болницата максимално ќе се гиржи за сите пациенти и за оние што потенцијално ќе бидат упатени тука, тимот безрезервно се вложува. Протоколите се запазуваат максимално, изгорениците се отворени рани и се внимава да не дојде до потенцијални инфекции на раните, изјави Стопјаноски.

Прмеиерот Мицкоски апелира секој што бил во периметарот на ужасниот на стан да се јави на доктор независно дали чувствува проблеми или не.

-Како Влада правиме се што можеме за да спасиме човечки животи, потенцира Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Гостин од „Пулс“ сведочи: Пожарот не го забележавме веднаш, пред излезот настана стампедо

Брат на жртва од „Пулс“ сведочеше: Работев како келнер без договор кобната вечер

Судијката во процесот „Пулс“ – Груевска Илиевска порача: Редот и правото на одбрана се основа на фер судење

Горан Наумовски

Наунов: Адвокатурата има клучна улога, но мора да се почитува траумата на семејствата

Левица: Комисии за боледување наместо лекување – административна тортура врз повредените во „Пулс“