Повеќе скопски населби в понеделник без струја

Од:

В понеделник без струја од 6:30 до 8 часот ќе бидат дел од корисниците од скопските села Кондово, Кучково, Веле Поле, Чашка и село Грачани, во општините Ѓорче Петров и Сарај.

Во периодот од 8 до 17 часот без струја ќе бидат корисниците од Чашка и Грачани, општина Сарај, а од 8:30 до 10 часот корисниците од улицата „Фрањо Клуз“ од бр. 2 до број 14 во општина Аеродром.

Од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Горноврановска“ од број 2 до број 22 во општина Аеродром, а од 9 до 10 часот дел од корисниците од улицата „Хаџи Трајко“, („Василие Ѓуровиќ“) во општина Аеродром и корисниците од улицата „Костурски Херои“ број 2 и број 2а во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз