Повеќе скопски населби утре без струја

Од:

Без електрична енергија утре во периодот од 8:30 до 14:30 часот, ќе останат дел од корисниците од село Љубош, општина Студеничани.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје во периодот од 8:30 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Маџари“ и „Палмиро Тољати“ во близина на ресторант Ханибал, корисниците во близина на стадионот „Борис Трајковски“, како и корисниците пред натпатникот на улиците „Маџари 3“ и „Маџари 1“, во општина Гази Баба.

Без струја во периодот од 9:00 до 11:00 часот, ќе бидат дел од корисниците од улиците „Орце Николов“, „Мирослав Крлежа“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Центар.

Од 9:00 до 14:00 часот без електричен напон ќе бидат дел од корисниците од Дуќанџик и Старата Скопска Чаршија, во општина Чаир, а во периодот од 9:00 до 15:30 часот, дел од корисниците на излез од автопат за Тетово, како и дел од корисниците од улица „Островска“ во општина Сарај.

Во периодот од 9:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Дељадровци, Бучинци и Бујковци во општина Илинден и Грушино во општина Арачиново.

Без напон од 9:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од село Бразда, во општина Чучер Сандево, а од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците „Партение Зографски“, „Тасино Чешмиче“, „Христо Смирненски“ и „Ѓорѓи Скрижевски“ во општина Центар.

Во периодот од 11:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Антоние Грубишиќ“ од крстосница со „Аминта Трета“ до крстосница со „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 95,91 евра за мегават час, на МЕМО 86,07 евра за мегават час

Поради пожар, дел од Чаир, Бутел и Железара се без струја

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски