Повеќе скопски населби денеска без струја

Од:

Поради технички зафати во електросистемот денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Кисела Вода, Гази Баба, Студеничани, Ѓорче Петров, Карпош и Центар.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека утре од 8.30 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Малешевска“ во општина Кисела Вода. Во периодот од 8.30 до 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „18“ и „22“ во село Трубарево.

Од 8.30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Драчевица и Цветово, а од 9 до 15.30 часот корисниците од населба Стопански Двор лоцирани во околината на гробиштата и црквата.

Во периодот од 10.30 до 15.30 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улицата „Леринска“, а од 11.30 до 12.30 часот корисниците лоцирани на булеварот „Теодосиј Гологанов“ во околина на објектот на „Тинекс“ и Пожарниот дом. Од 14.30 до 16.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Коле Неделковски“ како и корисниците од околните улици во општина Центар.

Прекините, според РЦУК, се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на корисниците во тие региони.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство