Поведена постапка за разбојништвото кај сендвичарата „Вили“

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лицето кое завчера изврши разбојништво во центарот на Скопје кај сендвичарата „Вили“.

Осомничениот, со употреба на сила и закана со пиштол нападна две лица, вработени во угостителскиот објект. Откако дошол во задниот дел на сендвичарата, се доближил до вработените и им се заканил со пиштол, барајќи да му ги дадат парите од платниот промет. Една од оштетените успеала да влезе и да се заклучи во сендвичарата, по што осомничениот продолжил да се заканува на втората оштетена и ги одзел паричните средства кои во тој момент ги имала кај себе. Откако не успеал да ја отвори вратата на сендвичарата, се оддалечил, испукал еден проектил од пиштолот и избегал.

Со дејствата што ги сторил, осомничениот извршил кривичното дело „разбојништво“ за кое надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка. Едновремено, обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за притвор, ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, околности кои што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и дека постои страв дека ќе го повтори кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он