Потврдени уште девет случаи на грип, шест со H1N1

Од:

Од дополнителните лабораториски анализи во Институтот за јавно здравје,  уште кај девет пациенти кои беа сомнителни на грип докажано е присуство на вирусот.

– Веќе неколку пати е спомнато од Светската здравствената организација дека веќе зборуваме за сезонски грип и не употребуваме термини свински грип или пандемски грип, изјави Јованка Костовска, раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство.

Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје истакна дека од деветте нови позитивни случаи кај шест станува збор за вирус на грип од типот А (H1N1), а кај двајца за вирус на грип од типот А (H3N2), додека кај еден случај кој многу доцна е дојден на Инфективната клиника е потврдено само инфлуенца А.

Досега има 13 позитивни лица со вирус на грип.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски