Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Од:

Ветеринарно сточарскиот центар Куманово, апелира до сопствениците за одговорно чување на милениците. Неодгoворните сопственици исфрлаат цели легла по околината на Куманово, велат лекарите.

На годишно ниво запловуваме од 130 до 150 кучиња во градот. Делумно успеваме да го намалиме бројот на кучиња скитници. Но, овој проблем не се решава на овој начин. Основен проблем не се финансиите и екипите што заловуваат. Главен проблем е несовесното однесување на сопствениците. Ваквиот закон за благосостојба на животните е веќе надминат. Целта кога се проектираше беше да се заловат, стерилизираат да се вратат кучињата. Во изработката учествуваше експерт од Англија. Ваквиот начин покажа ефект во развиените земји, но кај нас нема некој ефект, изјави ветеринарот Зоран Пешевски.

Според него, немало контрола на популацијата. Многу е важно да се крене свеста за вдомување на животните. Кучињата на улиците се огледало на нашето општество, велат граѓаните кои посочуваат дека се потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла во околината на градот.

Ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ Куманово, освен во Куманово заловува кучиња во други општини каде состојбата не е ништо подобра.

-Како човек од фелата на тркалезна маса која ќе се одржи во Скопје кон крајот на ноември, заедно со повеќе чинители, локални, државни власти, граѓански организации и ќе ги наведеме овие проблеми за да најдеме соодветно решение, изјави Пешевски.

За ветеринарите важни се ригорозни мерки против неодговорните сопственици, формирање на таканаречена „ветеринарна полиција“, чести контроли на инспекторите, но важно е да се чипираат кучињата.

-Според мои податоци има околу 180 до 220.000 илјади регистрирани кучиња на ниво на земјава. Во сто заловувања има по едно, најверојатно куче кое се одалечило од домот, што секому може да се случи, веднаш се враќа на сопственикот, изјави Пешевски.

Тој изрази сомнеж и за бројот на каснувања од кучиња.

-Или луѓето ги малетретираат или лажно пријавуваат и системот не проверува, многу ретко се агресивни кучињата. Од мое искуство има во една фамилија тројца каснати, или лице кое секое година е каснато од куче скитник, изјави Пешевски.

Според него заловените и вратените кучиња се социјализирани и не напаѓаат.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски