Потпретседателката на Собранието Дескоска се сретна со Џемс де Вит

Од:

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Рената Дескоска денеска оствари средба со шефот на Одделот за политички прашања на ОБСЕ, Џемс де Вит.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, станало збор за работата на Собранието и актуелната политичка состојба, особено за потребата од прочистување на избирачкиот список.

На средбата било укажано дека прочистувањето на избирачкиот список е од суштинско значење за одржување на слободни и фер избори.

Дескоска го информирала Де Вит и за иницираната дебата за општите состојби во образованието и укинувањето на екстерното тестирање, за законскиот предлог за укинување на радиодифузната такса и другите законски иницијативи поднесени во Собранието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции