Потпишан договор за асфалтирање улица и изградба на секундарен плоштад во Пробиштип

Од:

Во општина Пробиштип почнува реконструкцијата на улицата „11 Октомври“ и изгардба на нов секундарен плоштад. Градоначалникот Тони Тоневски денеска потпиша договор со компанијата Урбан инвест за раелизација на овие два проекти.

Средствата за реализација се обезбедени од фондовите на ЕУ преку ИПА програмата, а се реализира преку Министерството за финансии и Канцеларијата на Светска банка. Грантот изнесува 260.000 евра, останатата разлика од 800.000 денари ќе се реализира преку буџетот на општината.

– На улицата „11 Октомври“ ќе имаме асфалтирање и поставување на ново улично осветлување со енерегетски ефикасни светилки и нови тротарни површини. Вториот дел од овој проект е изградба на нов секундарен плоштад што се надоврзува на примарниот плоштад. На еден дел ќе има и одредено и за паркирање на возила во централното градско подрачје, на остантиот дел ќе биде изградена нова фонтана, жардиниери, поставување на урбана опрема и улично осветлување, како и еден мал амфитеатар од  страната на гимназијата, рече Тоневски.

Додаде дека рокот на изведба е шест месеци за двата проекта кои се наоѓаат во централното градско подрачје на Пробиштип.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он