(ВИДЕО) Бејли: Постигнат е договор

Од:

Претставниците на четирите политички партии, потписнички на Договорот во Пржино, постигнаа договор. Решено е прашањето за надлежностите на министерот за внатрешни работи, а потврдена била и посветеноста на партиите за законот за специјално обвинителство доколку Уставниот суд одлучи против делови или целиот закон, соопшти американскиот амбасадор Џес Бејли.

Според договореното, новиот министер за внатрешни работи ќе има право да донесе 15 кадровски измени. Примената на Законот за внатрешни работи и надлежностите на министерот за внатрешни работи се одложува до 1 јануари 2017.

Изборниот датум се’ уште не е прецизиран, но според Бејли партиите ги усогласиле ставовите за прочистувањето на избирачкиот список, за балансирано известување на медиумите, за формирање преодна влада на 100 дена пред изборите.

„Се надеваме дека со овој договор ќе се постави патот до изборите кои ќе бидат прифатени од сите страни “, изјави амбасадорот на САД Џес Бејли.

Политичките лидери ќе се сретнат до 31 август годинава за да ја проверат имплементацијата на овој договор, и да донесат конечна одлука и да преземат обврска за датумот на изборите. Четирите партии ја повторија и посветеноста во имплеминтирањето на итните реформски приоритети на Европската унија, Охридскиот рамковен договор и за продолжувањето на евроатлантската интеграција на Република Македонија.

Исто така се договорија да ја потврдат својата посветеност за законот за специјален обвинител доколку Уставниот суд одлучи против сето или делови од законодавството кое ја создаде оваа важна институција, рече Бејли.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада