Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 9.3.2024 поради верскиот празник Задушница од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имено, со почеток од шест часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Горан Наумовски

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје