Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради подготовки и одржување на митинг, почнувајќи од денеска до утре, односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот при што бул.„Илинден“, потегот од мост Гоце Делчев до бул.„Климент Охридски“ и од бул.„Климент Охридски“ до мост Гоце Делчев, се затворени за сообраќај во двата правци.

Во текот на утрешниот ден, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Би можело да ве интересира

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

Нов протест за даноците на граѓаните кои работеле во странство, посебен режим во Скопје

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

Две трки денеска во Скопје – изменет сообраќај на повеќе локации

Горан Наумовски

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот на Синдикатите

Курти во Скопје, МВР најави посебен режим на сообраќај