Портокалова фаза, температури над 40 степени и УВ индекс 10

Од:

Земјава и натаму е зафатена од топлотен бран и високи температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека и во следните денови ќе биде многу топло. Утринските температури ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.

Владата и Министерството за труд и социјална работа во овој период на портокалова фаза препорачува ослободување од физичко присуство на работното место на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, со организирање онлајн работата, таму каде техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа.

Во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 16, а максимал

– Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

– Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници, стои во соопштението.

Градинките, како што се наведува, треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, портокаловата фаза се очекува да трае до четврток попладне, кога ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, а во понеделник се очекува преодно благо опаѓање на температурата.

Би можело да ве интересира

До среда Македонија во портокалово ниво на опасност од високи температури

Од денеска портокалова фаза – најранливите да не одат на работа, да се внимава на храната

Бремени жени и лица над 60 години да не одат на работа од утре: Препораки за заштита на граѓаните од жештините

Горан Наумовски

Од среда портокалова фаза, температури над 40 степени

Горан Наумовски

Денес и утре портокалова фаза во цела држава

Горан Наумовски

Поради високите температури ранливите групи граѓани ослободени од работа до 27 јули