Поранешниот ракометар и модел Сипковски загина во ескплозија на бомба во Белград

Од:

Македонскиот државјанин Мартин Сипковски (21), модел по професија, е убиен во експлозија која се случи минатата недела во стан на улица Косовска во центарот на Белград, дознава српски Курир.

Вишото јавно обвинителство во Белград го сослуша Филип В. (26) во врска со експлозијата во која беше убиен Сипковски под сомнение дека на 30 септември нелегално го стекнал, а потоа го носел експлозивот „пентрит“, кој го предал на македонскиот државјанин истиот ден на аголот од улиците Косовска и Нушиќева.

Мартин Сипковски, како што е утврдено од досегашната истрага, следниот ден, 1 октомври, околу 21.45 часот, несмасно го активирал експлозивот и починал на самото место.

– По обдукцијата, беше утврдено дека починатиот е Мартин Сипковски, државјанин на Македонија, кој, според неофицијални информации, немал криминално досие. Сè уште не е познато како завршил во мафијашките кругови, со оглед на тоа што, според познаници, тој бил модел кој си направил добро име на турскиот пазар и направил голем напредок на модните писти – вели нашиот извор, додавајќи:

– Сите се во шок со оглед на тоа што експлозивната направа наводно била подготвена за да убие човек со криминално досие, кој е поврзан и со навивачки групи.

Како што може да се прочита во медиумите од Македонија, починатиот Мартин постигнал завидни резултати на модната сцена.

– Поранешниот ракометар на „Вардар“, Мартин Сипковски е првиот Македонец кој потпишал договор со престижната модна агенција „Даман“ од Истанбул. Висок е 186 сантиметри и тежок 70 килограми. Студент е на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопјe. Поради повреда на вратот, Мартин се откажува од својата најголема љубов, ракометот – се наведува во текстот посветен на жртвата и се додава:

– Овој млад човек од Скопјe веќе се подготвуваше да ги освои модните писти, а своето патување во Истанбул ќе го искористеше за кастинзи за неколку модни куќи и машки модни брендови. Агенцијата „Дамен“ е дом на многу од врвните светски модели. Мартин е првиот Македонец кој успеа да влезе во тесниот круг на момчиња кои сакаат да се занимаваат со манекенство.

Истрагата што ја води надлежното Вишо јавно обвинителство во Белград сè уште е во тек и тие ќе ги утврдат сите детали за оваа експлозија.

Би можело да ве интересира

Стојче Ѓоргиев од кочанско Грдовци е убиениот Македонец во Љубљана

А1он

Тројца од повредените кај Белградскиот саем се во животна опасност

Тешка сообраќајка: Пет млади лица се тешко повредени во несреќа кај Белградскиот саем

Горан Наумовски

Нападнаа момче со секира на бензинска пумпа

А1он

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Хорор во Марсеј: Полицијата уби маж, извикуваше „Алах Акбар“ и повреди неколку лица со нож

Горан Наумовски

Група од 50 насилници претепаа маж во Белград, еден од нив му нанел повреди со мачета