Поранешната директорка на Академијата за судии и јавни обвинители ќе докторира

Од:

Анета Арнаудовска, екдиректорката на Академијата за судии и јавни обвинители, ќе стане доктор на науки. Во извештајот на петчлената рецензентска комисија објавен во билтенот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од 15 ноември пишува дека наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје формирал комисија за оцена на докторската дисертација на кандидатката Арнаудовска.

Насловот на темата е „Влијание на правната аргументација врз квалитетот на кривичните пресуди во Република Македонија“. Членови на комисијата се професорите: Мирјана Поленак-Аќимовска, Гоце Наумовски, Владо Бучковски, Никола Тупанчевски и Саша Кнежевиќ.

Во оцената на трудот пишува дека изработката на докторската дисертација имала прагматична цел, да се утврди каков вид правна аргументација користат судиите во Македонија во кривичната област, дали и во која мера правната аргументација на судските одлуки е клучна компонента на квалитетот на една судска одлука.

Во образложението на комисијата пишува дека е разгледана можноста за развој на модули за подобрување на вештините на судиите и другите учесници во судските процеси за т.н. меки вештини (soft skills), како што се: критичко мислење, комуникациски вештини, реторика, за правно аргументирање и оправдување на одлуките (argumentation skills- кои досега главно се развивале на факултетите и при едукацијата на правните практичари во САД и другите земји на „комон лоу“ системите).

Комисијата му предлага на наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје да ја прифати позитивната оценка и да закаже одбрана на докторската дисертација на кандидатката.

Судскиот совет на барање на Арнаудовска ја разреши од функцијата на седницата која се одржа на 14 ноември. Арнаудовска важеше за „вечна“ директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, бидејќи три години беше на чело на оваа институција со истечен мандат.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Управен суд пресуди во полза на Академија зa судии и јавни обвинители, ја поништи одлуката на Антокорупциска

Антикорупциска решава за приговорот на Силјановска Давкова за тестирањата за прием во Академијата за судии

ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава до ДКСК против Академијата за судии и јавни обвинители за прекршување на Изборниот законик

На погрешната адреса пишана на сајтот била испратена четвртата кандидатурата за директор на Академијата за судии и обвинители

Кристијан Ландов

Академијата за судии и обвинители објавила погрешна адреса додека примала кандидатури за директори, па ја променила откако огласот завршил

Кристијан Ландов

Имаат ли Адеми, Герасимовски и Рајевска легитимитет да бираат директор на Академијата за судии и обвинители, молк наместо одговор

Кристијан Ландов