Поради возраста на поротничка, пет судења на СЈО може да почнат од почеток

Од:

Пет судења на специјалното јавно обвинителство кои се водат пред Кривичниот суд ќе мора да почнат од почеток бидејќи мандатот на поротничката Лилјана Ивановска-Кочковска, која Судскиот совет на оваа фунцкија ја избра на 24 декември 2015 година ѝ истекува во вторник. Таа пак, поради навршување 60 години, не може повторно да биде избрана за судија-поротник, а тоа значи дека штом Судскиот совет ќе ѝ констатира престанок на функцијата, извесно е оти овие предмети ќе почнат одново.

Станува збор за предметите: „Тендери“, „Топлик“, „ТНТ“, „Талир“ и „Монструм“. Резервни поротници во овие предмети нема. Има само во предметот „Титаник“, велат од Кривичнот суд за „А1он“. За неколку месеци ѝ истекува мандатот и на уште една поротничка во советот.

Првпат за возраста на поротничката Кочковска спомна пратеникот Илија Диимовски во предметот „Талир“. Тој пред судот рече дека според Законот за судови, на две поротнички им истекол мандатот поради наполнети 60 години и заради економичност на постапката побара одлагање на судењето за да се надмине ситуацијата.

За нерамномерноста меѓу возраста на судење меѓу судиите и поротниците се произнел и Уставниот суд во 2007 година на иницијатива на Стамен Филипов. Уставниот суд проценил дека судиите имаат засновано работен однос и посебни права и обврски, за разлика од поротниците и од тука ја отфрлил иницијативата на Филипов, според која, на судиите и поротниците во различно време им истекува мандатот.

Некои од предметите кои би можеле да почнат од почеток се во фаза на доказна постапка кога се сослушуваат сведоци. Судењето почнува одново ако се сменил составот на советот, а според Законот за кривичната постапка, сите членови на судечкиот совет, судиите и судиите-поротници задолжително непрекинато присуствуваат на главната расправа.

Предметот „ТНТ“ кој се влече со 50-ина рочишта за две години, минатата недела доби забрзано темпо на работа, откако судот сфати дека ќе се појави проблем со поротничката, па две рочишта траеја подолго од вообичаеното, а такво маратонско рочиште се очекува и  в понеделник.

Сценариото кое е извесно е дека додека Судскиот совет формално не ѝ констатира престанок на мандатот, поротничката би можела да присуствува на судењата, а тоа значи дека сепак има шанса да се заврши предметот „ТНТ“ со пресуда најверојатно до крајот на годината.

Но, и тоа да се случи, сепак извесно е дека дел од останатите предмети формално би требало да почнат од почеток. На пример, првото следно рочиште за предметот „Топлик“ е закажано дури за 15 јануари, а за „Монструм“ месецов на 27. „Најбезболен“ би бил почетокот на судењето на предметот „Талир“, бидејќи главната расправа 10 месеца воопшто не е почната.

Постапката за престанок на функцијата на судијата-поротник ја води Судскиот совет на предлог на претседателот на судот.

Судиите Ставрев и Шабани – најсериозни кандидати за скопска Апелација

Од друга страна, Судскиот совет идната седмица на 25 декември закажа избор на судии во скопскиот Апелационен суд, за каде, меѓу пријавените се судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани кои ги судат сите овие пет предмети, односно, најголемиот број од предметите на СЈО.

Извори од Советот за „А1он“ велат дека овие двајца судии се најсериозни кандидати за избор во второстепениот суд, но доколку тоа се случи, макар барем и едниот од нив, повторно сите овие предмети би започнале од почеток. Се споменува и можноста доколку бидат избрани, овие судии да добијат надлежност да си ги дозавршат предметите кои ги судат во Кривичниот суд.

Судијата Огнен Ставрев, првиот од десно, најсериозен кандидат за апелационен судија

Предметот „Монструм“ кој е во фаза на доказна постапка се суди според стариот Закон за кривичната постапка, што предвидува доколку има промена на судиите, со согласност на странките, да не се повикуваат повторно сведоците и вештаците, туку само да се прочитаат нивните искази.

Јавноста бурно реагираше затоа што предметите на СЈО почнуваат од почеток поради смена на поротници. Поротници се сменија и во предметите на СЈО „Тортура“ и „Транспортер“.

Би можело да ве интересира

Саити: Не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но сигурно недовербата нешто детектира во однос на нашето работење

Агелер: Притисоците врз судската власт мора да престанат, судиите мора да бидат ослободени

Орце Костов

ГРЕКО бара испитување на имотот на пратеници и судии, како и правила за подароци за обвинителите

Орце Костов

Ние сме мала земја со многу јавни тајни и малку разрешници, кажа Грковска на дебата за Законот за конфискација

Дамева: Судии одат на увид со возила на странки, недолично е и отвора сомнеж за пристрасност

Орце Костов

Адеми не отиде во Судски совет: „Политички притисоци во судството има и тоа го потврдуваат и меѓународни институции“

Александар Тодески