Два вечерни лета на „Виз ер“, што требаше да слетаат во Скопје, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување.
Полетувањата од Берлин и Ајндховен, со рути W64740 и W64716, околу 18:20 и 18:50 часот добиле насока да продолжат кон аеродромот во Приштина.
Според метеоролошките податоци, над скопскиот аеродром ветерот дува на поголема височина, што дополнително ги отежнува процедурите.
„Поради силен јужен ветер, кој го зафати скопскиот регион, два авиони се пренасочени за слетување кон приштинскиот аеродром, додека други два сеуште кружат и чекаат насоки за слетување“ рече Стојанче Ангелов, од ДЗС.
