Поради реконструкција во Делчево затворена за сообраќај улицата „Маршал Тито“

Од:

Поради реконструкција во Делчево затворена за движење на дел од улицата „Маршал Тито“ кон населбата Таушанско маало. Иако досега движењето кон овој потег на градот беше со наизменично движење на возилата по оваа улица, од општината соопштија дека поради градежните работи, движењето ќе биде пренасочено преку други улици.

– Сакаме да ги известиме граѓаните на Општина Делчево дека делницата од улицата „Маршал Тито“ на која се изведуваат градежни работи е затворена за сообраќај, а движењето кон Таушанско маало е пренасочено преку улиците „Крушевска“ и „8 Септември“ кај старото пазариште, информираа од општината.

Оттаму апелираат до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи.

– Со цел овозможување на безбеден и непречен сообраќај за сите учесници, се апелира до граѓаните да се движат со намалена брзина и зголемена претпазливост. По завршување на градежните работи кои се однесуваат на пропустот во близина на старата касарна во Делчево, се очекува на оваа делница да биде пуштена една сообраќајна лента за движење со наизменично пропуштање на возила, додадоа надлежните.

Реконструкцијата на дел од улицата „Маршал Тито“ во Делчево која е во тек се изведува во должина од 743 метри.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија