Поради магла намалена е видливоста на патот Тетово-Гајре, како и на Стража и Плетвар

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до село Гајре 20 – 30 метри, Стража 30 – 50 метри и Плетвар – 40 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени

На „Дојран“ и „Табановце“ чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Горан Наумовски

Опасни услови на патиштата – магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Внимателно возење: Магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка

Облачно со утринска магла, попладне локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Облачно, магла и повремен дожд