А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Поплавени села во тетовско-гостиварскиот регион

by А1он09/05/2013 - 16:17229
Share0

Куќи, дворови, штали и помошни простории во тетовско-гостиварскиот регион се поплавени како последица од излевањето на Боговинска Река и реката Вардар.

Следете a1on на Instagram Instagram

Центарот за управување со кризи информира дека во тетовското село Радиовце се поплавени околу 50 куќи, дворови, штали и помошни простории, како и над 100 хектари обработлива површина засеана со пченица, пченка, луцерка и градинарски култури.
Од страна на локалната самоуправа се обезбедени 500 вреќи со песок кои се ставаат на критичните точки, а ангажиран е и еден багер. Во справувањето со поплавите е вклучено и локалното население. Одржан е состанок на кризниот штаб на кој е согледана состојбата и донесени се заклучоци за преземање на понатамошни мерки. Како причина за излевањето на реката се наведува стеснетото корито поради куќите кои се изградени покрај него.

Во општина Јегуновце поради излевањето на реката Вардар поплавени се 10 куќи во селото Раотинце и околу 30 хектари во селата Туденце, Копанце, Раотинце и Јегуновце. Од страна на општината е ангажирано локалното население и обезбедени се 500 вреќи со песок.

Во гостиварскиот регион на територијата на општина Врапчиште зголемен е водостојот на Врапчишка река. Реката се излеала и нанела наноси од песок на дел од локалниот пат меѓу селата Галате и Врапчиште, но патот е прооден. Излевање има и во реонот на старата амбуланта каде има наноси од песок и отпаден материјал. Претставници од локалната самоуправа и градоначалникот ја следат состојбата и се преземаат мерки за санирање на речното корито на Врапчишка река.

Следете a1on на Youtube YouTube
poplava

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски01/09/2026 - 07:1001/09/2026 - 07:22

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Горан Наумовски31/08/2026 - 14:04

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

Горан Наумовски29/08/2026 - 21:57

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он27/08/2026 - 16:56

Се зголемува бројот на жртвите и на исчезнатите од поплавите во Непал

Горан Наумовски27/08/2026 - 12:1527/08/2026 - 12:41

(ВИДЕО) Бројот на жртви во Непал забрзано расте: Откриена е причината за катастрофалните поплави

Горан Наумовски27/08/2026 - 06:4927/08/2026 - 07:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео