Попладне нестабилно со пороен дожд, од вторник стабилизација на времето

Од:

Времето околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе се движи од 24 до 34 степени, а УВ индексот е 7, информира УХМР.

Во Скопје е променливо облачно, а попладне се очекува да биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Tемпературата ќе достигне 31 степен, релативната влажност 77 проценти, а ветерот пет метри во секунда.

Според УХМР, во следните два дена во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со
краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Би можело да ве интересира

Температури до 18 степени денеска, од утре заладување

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно со дожд и засилен ветер, на места врнежите пообилни

А1он

И денеска и во следнате денови облачно со дожд

Облачно со слаб дожд

Врнежливо и постудено оваа недела

Катерина Ѓуровски

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег