Поништената аболицијата на Иванов пред Уставен, СЈО се уште не е на дневен ред

Од:

Во среда, 05.10.2016, уставните судии ќе расправаат за контроверзните одлуки за помилување на 56 политичари, функционери, бизнисмени и нивни соработници донесени од претседателот Ѓорге Иванов на 12 април. Иако аболицијата, која ги предзвика и протестите, е целосно поништена, сепак ова прашање е на дневен ред на Уставниот суд.

Инаку ова е последна седница на Уставен пред распуштањето на Собранието, кое според најавите треба да се случи на 12.октомври.

Ова значи дека до распуштањето на Собранието, уставните судии нема да се произнесат за Иницијативата за оценувањето на уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

Ова ги загрева стравувањата, Уставен за ова да се произнесе по распуштање на пратениците. Доколку судиите позитивно се произнесат за Иницијативата на Тодор Петров, нема да може со распуштен Парламент да се реализира точката од Договорот од Пржино, партиите во рок од 5 дена да го сменат законот и повторно да го воспостават СЈО.

Во договорот , партиите ги повикаа судиите да се произнесат за уставноста на СЈО уште на првата наредна седница, но Уставен до сега тактизира за ова прашање.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска