Помпео: САД го депонираа протоколот за НАТО, ја чекаме С.Македонија као 30. членка

Од:

САД го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО. Тоа го објави државниот секретар Мајк Помпео на неговата страница на Твитер.

„Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО“, објави шефот на американската дипломатија.

Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на земјава во Алијансата на 22 октомври годинава.

Од полноправното членство во НАТО, Северна Македонија ја дели само една ратификација, со оглед дека за десет месеци протоколот за пристапување во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки.

Се очекува и на Самитот на НАТО што ќе се одржи утре и задутре во Лондон, во завршната декларација да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.

Би можело да ве интересира

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски

Путин: НАТО го зголемува своето присуство во Пацификот, се зголемува потенцијалот за конфликт

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Кинески шпионски софтвер се шири низ целиот свет: Ги следи рутерите на НАТО

Горан Наумовски

Американските разузнавачи: Путин би можел да го нападне НАТО