Помор на риби во реката Тополка кај Велес

Од:

Помор на риби денеска, по 15 часот, е забележан од страна на граѓани на реката Тополка кај Превалец, кај испустниот канал од фабриката за вар се по течението на Тополка, до вливот во реката Вардар.

Граѓаните ја информирале полицијата која направила увид и го известила Здруженито на спортски риболовци од Велес „Бабуна“. На местото бил и рибочуварот Маслак Шевкет.

– Отидовме во месноста Превалец, кај каналот што истекува од фабриката за вар. Притоа утврдивме дека над каналот има живи риби, а под каналот немаше риби. Заклучокот е дека поморот е направен од фабриката за вар, се вели во писмената изјава на Шевкет.

Секреторот на Здруженито на спортски риболовци од Велес „Бабуна“ Томе Илиевски за МИА изјави дека ова не е прв туку, како што рече, еден од неколкуте помори на риби на овој потег на реката Топлока, од каналот кај фабриката за вар се до вливот на Топлка во Вардар или околу 4 километри.

Од Здруженито „Бабуна“ зеле примероци од угинатата риба, кои ќе ги достават до Инспекторатот за животна средина на понатмошна анализа.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско