Помор на риба во реката Тополка кај Велес

Од:

Помор на риба и заматување на реката Тополка кај Велес вчера била забележана од Државен инспектор за животна средина по пријава на полицијата при што веднаш излегле на терен и извршиле вонреден надзор.

Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, во записникот е констатирано дека на вливот на реката забележана е одредена количина на угинати риби, како и заматеност на водата со белузлава боја. Направен бил и надзор на речното корито под правниот субјект Каменолом и Варница Превалец – Технопавер Скопје, при што е констатирано дека над мостот на населбата Превалец е чиста водата, нема заматеност и нема угинати риби. Под испустот на отпадната вода од правниот субјект не е забележана угината риба во должина од 500 метри.

Во присуство на инспекторот, стручно лице – лаборант од Центарот за јавно здравје – Велес земал мостра од водата и е дадена за испитување. Издадена е привремена усна наредба за престанок на работа на сепарацијата до добивањето на резултатите од испитувањето. По добивањето на резултатите инспекторот ќе преземе понатамошни инспекциски мерки.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите