„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

Од:

Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година.

Како најлош момент во работата на Вархеји, „Политико“ ја наведува токму блокадата на Бугарија кон земјава, поради билатералниот спор за јазикот и идентитетот.

-Блокадата на Бугарија за почнување на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија, поради билатералниот спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Комисијата, чија цел беше да ги стартува преговорите до крајот на годинава. Некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија, но повеќето велат дека главниот проблем е што ЕПП (Европската народна парија) не беше доволно тврда кон бугарскиот премиер Бојко Борисов, пишува „Политико“.

Вархеји исто така е критикуван дека повеќе е наклонет кон унгарските интереси отколку кон интересите на ЕУ како целина, додава „Политико“.

Според анализата на „Политико“, сепак, клучен играч за остранување на блокадата меѓу Бугарија и Северна Македонија е германското претседателство, а не Вархеји.

-Се додека тоа не се случи, поголем дел од неговата работа е практично замрзната, пишува „Политико“ во анализата на работата на еврокомесарите.

Би можело да ве интересира

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски

Уставните измени до 10 февруари, да не се прифаќаат дополнтелни барања од Бугарија – Филипче ја објави Резолузијата со црвените линии

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е во корист на трета страна спротивставен со интереси и на ЕУ и на НАТО

Катерина Ѓуровски