„Политико“: Бугарската тактика на изживување ефикасна за подземјето, но неприфатлива за ЕУ

Од:

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во петокот одржаа состанок со цел да го надминат ќор-сокакот, но не успеаја да ја убедат Бугарија да отстапи, што предизвика зголемување на фрустрациите меѓу европските дипломати, кои велат дека Софија ја задржува мошне важната агенда на ЕУ за проширување со целосно внатрешен проблем, кој треба да биде решен на билатерално ниво со Северна Македонија, пишува денеска „Политико“.

-Бугарската тактика на изживување можеби е ефикасна за постигнување резултати во подземјето во Софија, но е крајно неприфатлива на ниво на ЕУ, изјави европски дипломат за „Политико“.

Во написот на „Политико“ се наведува дека доколку Бугарија, изолирана како што е досега, продолжи со својот бескомпромисен став, ќе ја загуби добрата волја која ја ужива меѓу земјите-членки.

Во текстот се потсетува дека бугарското МНР излезе со став дека сегашното решение не нуди легални гаранции, какви што бара Бугарија, во однос на несогласувањата со Северна Македонија.

Бугарија ја информирала ЕК дека не може да ја прифати понудената преговарачка рамка за отворање на преговорите со Северна Македонија, став, кој во петокот го изнесе министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Тоа ја нарушува целта на германското претседателство со ЕУ за продолжување на процесот на проширување оваа година, наведува „Политико“ и додава дека Бугарија и Северна Македонија имаат спор за историјата и јазикот, при што Софија бара од Скопје да признае дека македонската нација и македонскиот јазик имаат бугарски корени, како и да се откаже од тврдењата дека има македонско малцинство во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е во корист на трета страна спротивставен со интереси и на ЕУ и на НАТО

Катерина Ѓуровски

Европската идеја не смее да се сведува на уцени, ова што ни се случува е неправда, вели Тошковски

ВИДЕО: На барање на известувачот Вајц, одложено гласањето во АФЕТ за извештајот за Македонија

АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија

Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање, порача Кос

Катерина Ѓуровски