Политичката директорка при Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Карен Пирс, денеска е во посета на Република Македонија.
Од собраниската прес-служба наведуваат дека „Пирс ќе има средба со со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и заедничка со лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и секретарот на Алијанса на Албанците Весел Мемеди“.
Од британската амбасада информираат дека се предвидени средби со претставници на сите парламентарни партии.
На средбите се очекува да стане збор за последните политички случувања во земјата, како и за изборот на претседател на Собранието и формирањето нова влада.
Пирс во Македонија доаѓа од Косово по средбите што ги имаше со претставници на приштинските власти, а претходно го посети и Белград. За време на оваа регионална посета таа се информирала за случувањата во земјите, како и за спроведувањето на реформите.