Уапсени тројца градоначалници на Кочани- Љупчо Папазов, Николчо Илијев и Ратко Димитровски

Од:

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”.

Меѓу уапсените се градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев од СДСМ и Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, велат од истрагата.

Папазов е градоначалник во оставка, кој поднесе оставка по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица.

Димитровски ја раководеше општината во период од 2009-2017 година, а негов наследник беше Илијев во период од 2017-2021 година.

Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

Комеморација и 62 балони во воздух за загинатите во пожарот во Кочани

А1он

Турција: Голема акција на полицијата, уапсени се 65 дилери

Се запали полициско возило, двајца полицајци завршија на Токсикологија

Хаос во Кичево: Во еден ден казнети дури 86 возачи за сторени сообраќајни прекршоци

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски