Преку социјалните мрежи има повик и најава за нови протести и полицијата има информации за ова.
Јанкулоска денеска соопшти дека ситуацијата се следи будно а граѓаните ги повика на смиреност и разумност но и да се воздржат од предизвикување и учество во тензии и немири.
По синоќешното убиство на Ангел Петковски, ситуацијата во скопско Ѓорче Петров ескалираше а револтот од свирепото убиство го демонстрираа граѓаните на оваа населба. Запалено беше едно кафуле во близина на пазарот а беа искршени и неколку дуќани.