Полицијата го бараше Андреј дома, додека тој лежеше мртов во болницата во Кочани – реакција на сопругата на пејачот на ДНК

Од:

Сопругата на настраданиот пејач на бендот ДНК во трагедијата во кочанската дискотека Наталија Ѓорѓиеска денеска реагираше на неточните објави во медиумите, но и на односот на полицијата.

Таа вели дека поради тоа што некои медиуми објавиле дека Андреј е на домашно лекување, полицијата дошла кај нив дома да го бара. Таа во тоа време пак го барала по болниците.

– Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.
Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив.Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.

Би можело да ве интересира

Одобрени се обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани и за злоупотреби со ИПАРД

Тринаесет полициски службеници ќе одговараат за пожарот во Кочани

Сведоци за пожарот во „Пулс“: Паника за време на настапот на ДНК

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски