Полицијата ги бара сторителите кои го предизвикаа пожарот со градежен шут во Порој

Од:

Тетовската полиција бара кои се сторителите што направија ископ со градежен шут и го запалија во атарот на селото Порој. Случајот во полицијата е пријавен вчера околу 13 часот.

– Во СВР Тетово вчера е пријавено е дека на нива покрај железничката пруга во Тетово, во атарот на Порој, непознати сторители со мeханизација направиле длабок ископ и во него депонирале разновиден градежен и друг отпад, кој потоа бил запален. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица, пожарот бил целосно локализиран, соопшти СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице