Полицајците фатија 19 годишен крадец во Кавадарци – ограби старица во влез во зграда

Од:

МВР информира дека рано утринава во 01.20 часот на улица „Мито Хаџи Василев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.П.(19) од Кавадарци, по претходна пријава за извршено кривично дело „разбојништво“.

Според пријавеното, околу 21 часот во влез во зграда на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, тој ја турнал и на сила и ја одзел чантата на В.А.(75) од Кавадарци, во која имала 3.000 денари и мобилен телефон „моторола“, а В.А. при падот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болница во Кавадарци.

Во близина на местото на настанот била пронајдена чантата, а при прегледот кај А.П. биле пронајдени дел од парите и мобилниот телефон, како и бела грутчеста материја.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он