Полицаец од преминот „Долно Блаце“ е осомничен дека примил поткуп

Од:

МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против полицискиот службеник С.Ф. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Како што информира денеска МВР, на 15 декември 2024 година на Граничниот премин Долно Блаце, пријавениот С.Ф., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце побарал и примил пари за да изврши службено дејствие кое не смеел да го изврши.

При контрола на лица кои ја преминувале државната граница кон Косово, за парична награда, пропуштил лице да ја премине државната граница со видно оштетена и преправена патна исправа, со скината предна корица, а пластифицираната страница со биометриски податоци била одвоена од патната исправа, а потоа залепена помеѓу страниците. Исто така пријавениот не го завел лицето во граничните евиденции како лице кое преминало државна граница и не проверил дали минува во евиденциите за проверки.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Двајца полицајци им „замижале“ на двајца бегалци од Албанија

На ГП „Долно Блаце“ приведени две лица од листата на „Интерпол“

Наум Локоски