Полагање на вториот предмет од испитот државна матура

Од:

Во средните училишта во Македонија денеска од 10 часот ќе почне полагањето на вториот, изборен предмет од испитот државна матура. Тестирањето по странски јазик или математика, односно естетика или филозофија, ќе трае три часа.

Како и во минатите години, помал е интересот за математика отколку за странските јазици. За математика основно ниво пријавени се речиси исто како лани (0,05 отсто повеќе) односно 2.184, а само 13 ќе полагаат математика напредно ниво, што е помалку за шест матуранти или пад за 31,9 отсто.

Кај странските јазици, зголемен одѕив има за англиски и германски, а намален за француски и руски јазик. Англиски ќе полагаат 16.498, односно 1,59 отсто повеќе од лани, а тест по германски ќе полагаат 212, што е 42,2 отсто повеќе од минатата година. За француски јазик, пак, бројот на пријавени е опаднат – ќе полагаат 188 матуранти, 36,2 проценти помалку од 2011/2012. И за тестот по руски јазик има послаб интерес, ќе го полагаат 46, т.е. 20 помалку од лани, што е опаѓање за 30,3 отсто.

Матурантите од училиштата на уметностите за изборен предмет ги имаат филозофија и естетика. За 50 проценти има помалку пријавени за филозофија, 12 наспроти ланските 24 ученици, а 76 или повеќе за 22,5 проценти од лани се пријавени за тестот по естетика.

Годинава за државна матура се пријавени вкупно 19.289 кандидати. Во саботата тие го полагаа првиот дел од испитот – задолжителниот предмет мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература.

Тестирањето го набљудуваат околу 2.000 тестатори. Првите резултати се очекуваат за еден месец. Незадоволните кандидати имаат можност за приговор кој, како и лани, ќе чини 1.000 денари.

Матурантите кои нема да ја положат државната матура или ќе положат само еден предмет во јунскиот испитен рок, ќе имаат втора можност на следниот рок – на 13 август мајчин јазик и на 15 август изборниот предмет. Годинашната е шеста генерација која полага државна матура од нејзиното воведување. Таа е услов матурантот да се запише на факултет.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ