Подобар и побезбеден проток на податоци во воздухопловството

Од:

Подобар и побезбеден пренос на податоците во воздухопловството треба да овозможи новата Паневропска сервисна мрежа PENS, за која е потпишан дов договор во Брисел меѓу Евроконтрол и Бритиш телеком, а на кој присуствуваше и членот на Управниот одбор на М-НАВ и извршен директор на Секторот за воздухопловна техника Климент Чепуњоски заедно со 41 партнер од воздухопловната индустрија.

– Со оваа мрежа ќе се обезбеди безбеден и економичен пренос на податоците што се релевантни во ова поле на делување. Новиот PENS е продолжување на PENS од 2009 година и нуди опслужување на поголем број корисници, зголемена флексибилност, безбедност, расположливост и многу други погодни карактеристики, информираа денеска од М-НАВ.

Како што истакнал генералниот директор на „Евроконтрол“ Еамон Бренан, со зголемувањето на обемот на воздушниот сообраќај, со новиот PENS ќе се подржи европското воздухопловство, обезбедувајќи подобра прекугранична поврзаност, а и ќе се поткрепат апликациите што се особено значајни за безбедноста.

Моментално има околу 100 локации на повеќе од 30 тековни корисници на PENS, кои, како и „Евроконтрол“, постепено и во групи ќе преминуваат кон новиот PENS во периодот меѓу октомври годинава и 30 ноември следната година, кога и истекува актуелниот PENS договор.

Би можело да ве интересира

Работна група за излез од кризата во светското цивилно воздухопловство

Ана Ололовска

ФЕИТ и М-НАВ ќе доедуцираат кадри за потребите на воздухопловната индустрија

Ана Ололовска

Сингапур ќе го поддржи македонското воздухопловство

Наум Локоски

Воздухопловната бригада при АРМ прослави 25 години од основањето

Ана Ололовска

Меморандум за соработка во воздухопловството помеѓу Македонија и Молдавија

Ана Ололовска

Во Прилеп се одржува светски куп во воздухопловно моделарство

Ана Ололовска