Поднесено обвинение против лицата кои ги уништуваа знамињата на Македонија и Албанија

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

За четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше определен притвор, јавните обвинители побараа од Основниот кривичен суд Скопје да им ја продолжи притворската мерка.

„Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Северна Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол. Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост. Дејствијата на сите обвинети предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство“, велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

ОЈО поднесе обвинение против в.д. директор на јавно претпријатие од Битола

Гаши: Сите кои сакаат дестабилизација во државата, не им посакуваат добро на својата нација и својот народ

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Жител од Демир Капија обвинет поради омраза кон маргинализирана група

А1он

Кривични за Mакедонци кои изнеле непроценливо културно богатство – глумеле Индијана Џонс, користеле стари мапи, прикаски за археолошки локалитети

Анита Петровска Рајковиќ