А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поднесени обвиненија за разбојништво и кражби во Скопје

by А1он01/07/2020 - 13:11317
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против едно лице за кривични дела „разбојништво“ од член 237 став 1 и „разбојничка кражба“ од член 238 став 1 од Кривичниот законик. Против лицето и негова соизвршителка е поднесен и обвинителен предлог за кривично дело „кражба“ од член 235 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

Како што соопштија од Јавното обвинителство, обвинетиот на 11 мај, во влезот на станбена зграда на улицата „Радика“, со употреба на закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една оштетена и одзел ранец во кој имало пари и други предмети во вкупна вредност од 26 илјади денари. Тој влегол во влезот на зградата по оштетената и и се заканил со пиштол наменет за исфрлање синтетички топчиња со пречник од 6мм под дејство на компромитиран воздух. Побарал оштетената да му ги даде сите предмети кои ги имала кај себе, а потоа и го побарал и клучевите од станот и од возилото. Кога таа се спротивставила, тој на сила и ги одзел клучевите и го напуштил местото.

– На 15 мај, пред влезот на станбена зграда на улицата „Варшавска“, обвинетиот заедно со обвинетата забележале една оштетена како стои со количка за бебе и дека лифтот во зградата се сервисира. Обвинетата и понудила на оштетената обвинетиот да и помогне и да и ја качи количката до катот каде што живее. Оштетената ја прифатила понудата и се качиле на третиот кат. Кога оштетената започнала да ја отклучува вратата од станот забележала дека и го нема мобилниот телефон кој се наоѓал во количката и веднаш се упатила кон обвинетиот кој тргнал да си оди, барајќи да и го врати телефонот. Затечен во кражба, тој започнал да ја турка и да ја удира во ѕидовите од влезот, а во еден момент го извадил и пиштолот за исфрлање синтетички топчиња. Притоа се заканил дека ќе ги убие и оштетената и нејзината малолетна ќерка која оштетената за цело време ја држела во рацете. По ова тој побарал да ја отвори влезната врата од станот и да му ги даде сите предмети кои што се вредни, но оштетената се спротивставила и започнала да вика. Тогаш излегле соседите од нејзиниот кат, по што обвинетиот избегал од местото, се вели во соопштението.

На 25 мај, пак, од стан на улицата „Драгиша Мишовиќ“, двајцата обвинети одзеле патики и чизми во вкупна вредност од 32.600 денари. Со оштетениот се познавале од претходно, па додека првообвинетиот разговарал со него за да му го одвлече вниманието, второобвинетата останала во ходникот и ги одзела предметите со намера противправно да ги присвои.

Надлежниот јавен обвинител со Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ги повтори делата што му се ставаат на товар.​

krazba

Би можело да ве интересира

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски01/12/2025 - 20:2401/12/2025 - 21:12

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски29/11/2025 - 19:5129/11/2025 - 20:45

Лувр е повторно отворен

Горан Наумовски22/10/2025 - 18:38

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Предраг Петровиќ25/07/2025 - 16:58

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Горан Наумовски25/06/2025 - 15:28

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он23/06/2025 - 16:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен