Поддршка за развој на социјалното претприемништво

Од:

Воспоставување прва база на податоци на социјални претпријатија во земјата, подобра соработка, капацитет и вмрежување меѓу сите институции вклучени во креирањето на политиките за социјално претприемништво, вклучување на социјалните претпријатија во активните мерки на пазарот на трудот, и зајакнување на потенцијалот на постоечките социјални претпријатија во државата.

Ова се дел од целите постигнати со проектот „Поттикнување на социјалното претприемништво“ финансиран од Европската унија, чии што резултати ќе бидат промовирани денеска на завршна конференција во Скопје.

Во рамки на проектот биле спроведени голем број активности за ангажирање млади луѓе и студенти во социјалното претприемништво и подигнување на свеста за социјалните претпријатија меѓу јавните институции, приватните претпријатија, универзитетите, граѓанското општество и пошироката јавност.

Проектот, придонел и за креирање на синергии и соработка со разни локални и национални засегнати страни, охрабрувајќи ги идните партнерства меѓу локалните граѓански организации и општините, како и приватните компании со цел да се откријат потенцијалите за развој на моделите за социјално претприемништво, кои се покажаа како успешни во однос на интеграцијата на работните места, намалување на сиромаштијата, подобрување на услугите во заедницата, вработување ранливи граѓани, ангажирање на млади…

Проектот се реализирал во периодот од 18 мај 2016 година до 17 ноември 2017 година. Имплеметнтиран е од страна на ЕПТИСА во конзорциум со ОСБ и Екпертиза Франција, а во партнерство со Министерство за труд и социјална политика.

На конференцијата ќе се обратат и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, шефот за соработка на Делегација на Европска Унија Никола Бертолини, како и Барбара Садовска, проектен тим лидер.

Би можело да ве интересира

Регионална конференција за социјално претприемништво

Ана Ололовска

Тридневна обука за социјално претприемништво

Ана Ололовска

Официјално отворање на ИПА проектот за социјално претприемништво „Отворени можности“

Ана Ололовска

Проект за развој на социјалното претприемништво „Отвораме можности“

Ана Ололовска

Се бараат нови домашни брендови за развој на социјално претприемништво

Ана Ололовска

Царовска: Социјалното претприемништво е иднината на економијата во Македонија

Ана Ололовска